Успешно реализирана Работилница на тема Дискриминација и вознемирување во работните односи

16.04.2025 Успешно реализирана Работилница на тема Дискриминација и вознемирување во работните односи

На 14.4.2025 година во Читалната на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје се одржа Работилница на тема Кажете НЕ! на дискриминацијата и вознемирувањето во работните односи.

Целта на оваа Работилница беше поблиску запознавање на студентите со дејствијата кои претставуваат дискриминација и вознемирување, видовите на дискриминација, како и со механизмите кои ги предвидува македонското законодавство за заштита на правата и достоинството на работниците. Додадената вредност на овој настан беше анализата на случаи од практика и работата на вежби.

Оваа Работилница претставуваше синергија помеѓу теоријата и праксата, каде свои успешни излагања имаа проф.д-р Александар Ристовски, редовен професор на Катедрата по трудови право при Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, и Игор Јадровски, м-р Анастасија Муратовска и м-р Софија Петличковска од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Главната порака од Работилницата беше “Работничките права се човекови права”, а во прилог неколку фотографии од настанот