Организациска поставеност

Органи во рамки на Центарот се:

  • Раководител на Центарот;
  • Советници за кариера;
  • Совет на академската заедница, и
  • Одбор за поддршка (алумни).

Со Центарот раководи Раководител којшто го именува Деканот на Факултетот, за период од 3 (три) години. Раководителот на Центарот е надлежен за координација, организација и спроведување на активностите и работите во Центарот.

Раководител на Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) за мандатен период 2023-2026 година е именувана проф.д-р Елена Нешовска Ќосева (e-mail: e.neshovska@pf.ukim.edu.mk).

Раководителот на Центарот именува двајца советници за кариера од редот на наставно – научниот кадар на Факултетот. Советниците за кариера му помагаат на Раководителот во исполнување на целите и активностите на Центарот. За Советници за кариера за периодот 2023-2026 година се именувани проф.д-р Илија Руменов (e-mail: i.rumenov@pf.ukim.edu.mk) и доц.д-р Марко Кртолица (e-mail: m.krtolica@pf.ukim.edu.mk).

Активностите на Центарот се спроведуваат со помош и во координација со Советот на академската заедница и Одборот за поддршка (алумни).

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux