Успешно реализиран настан ,,Кога правото лечи, а медицината штити”
14.05.2025
На 8.5.2025 година Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) успешно го реализираше последниот настан за оваа академска година, под наслов ,,Кога правото лечи, а медицината штити”. Целта на настанот беше потенцирање на често поттценетата, но длабока врска помеѓу овие две науки кои се сретнуваат во моментите кога треба да се одлучи да се спаси живот, да се прекине или да се даде нова шанса.
Одлуките за абортусот, евтаназијата или трансплантацијата не се само медицински – тие се и правни, морални, длабоко човечки.
Говорник на настанот беше реномираниот детски карди-хирург др.Владимир Чадиковски, кој на присутните им говореше за тоа што значи кога професијата станува повик, кога секоја одлука е пресуда помеѓу надеж и болка, но и за храброста, етиката и одговорноста кои ќе ги предизвикуваат во идниот професионален развој како млади правници.
Во прилог и неколку фотографии од одличната атмосфера