УСПЕШНА ВТОРА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИКОЛОШКО КИНО
25.03.2024На 21.3.2024 година Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни), по втор пат, го реализираше ПОЛИТИКОЛОШКОТО кино како неконвенционален формат за научна дебата и анализа на значајни политичко-правни теми.
Овој пат, Читалната на Правниот факултет беше оспособена за проекција на филмот ,,All the President`s Men”, низ чие сценарио се проткајува истражувачката работа на двајца новинари од весникот Washington Post, Bob Woodward, кој го игра Роберт Редфорд, и Carl Bernstein, кој го игра Dustin Hoffman, која резултирала со Watergate аферата и оставка на американскиот претседател Richard Nixon, како прва оставка на претседател во американската историја.
Модераторите проф.д-р Иван Дамјановски и визитинг професорката од Универзитетот во Бостон, емеритус Ен Донохју, и студентите имаа можност да дискутираат за значењето на новинарската професија во демократските општества, особено во случаи на висока корупција, низ призма на сцените од филмот.
Иако, улогата на двајцата новинари е неоспорна за разоткривање на аферата, сепак, два моменти кои произлегуваат од т.н Watergate сослушувања кои добиле огромен медиумски публицитет, биле од клучно значење за оставката на претседателот Nixon доцна летото во 1974 год:
- Улогата на свиркачот во филмот, под псевдонимон “Deep through” чиј идентитет бил откриен дури по 30 години, и
- Сознанието за користење на средства за прислушкување во Овалната соба од страна на претседателот.
Проф.Донахју, која во почетоците на својата новинарска професија, работела токму со новинарот Carl Bernstein, им порача на присутните дека новинарската професија е тешка професија која бара истрајност и секогаш добиената информација да се провери користејќи неколку извори.
И конечно, со оглед на правната разрешница на аферата Watergate во која за сите инволвирани биле изречени затворски казни, освен претседателот Nixon кој бил помилуван од неговиот следбеник Ford,,,секој правен систем, вклучително и американскиот, има свои недостатоци, но без сомнение е подобар од алтернативата”, заврши проф. Донахју на крајот на овој настан.