Реализација на настан ,,ДЕН СО АКТЕРИТЕ НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА”

28.03.2024 Реализација на настан ,,ДЕН СО АКТЕРИТЕ НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА”

На 27.3.204 година (среда) со почеток во 17 часот во Читалната на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” со голем успех беше реализиран настанот ,,Ден со актерите на граѓанската правда”.

Под модераторство на проф.д-р Татјана Зороска Камиловска, свои обраќања до студентите одржаа четворица истакнати практичари од областа на граѓанското право, сите алумни на Факултетот, и тоа: д-р Горан Нациќ, адвокат; м-р Драган Петрушевски, судија во Основниот Граѓански суд во Скопје; Нада Палиќ, нотарка од Скопје и Весна Деловска, извршителка од Скопје и актуелна Претседателка на Комората на извршители на РСМ.

Во своите говори, говорниците ги споделија искуствата и предизвиците со кои се соочуваат во своето секојдневно работење при остварување ефикасна заштита на граѓанските права, но се осврнаа и на почетоците на нивните кариери, позитивните и негативните страни во конкретната регулирана правничка професија – адвокатура, судија, нотар и извршител.

По дискусијата, сите говорници им порачаат на присутните учесници дека ,,Правото е занает кое бара истрајност, упорност, работа и континуирано учење и надградба; во реални околности правото е повторно актуелна професија; поради хармонизација со правото на Европската унија се развиваат нови области на правото во кои има потреба од млади правници, и сите кои сакаат во иднина да се занимаваат со некоја од правничките професии да ги искористуваат сите можности за пракса кои им се нудат”.

Ценејќи го значењето на темата на овој настан, не не`изненадува фактот дека истиот беше еден од најпосетените, не само од сегашни студенти на Правниот факултет, од сите циклуси и студиски програми, туку и од средношколци од СЕПУ ,,Васил Антевски Дрен” во Скопје – како потенцијални студенти по право.

Уште еднаш го покажавме и докажавме значењето на поврзување на членови на нашата алумни заедница-истакнати практичари со идните генерации на успешни млади правници!

 

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux