Работилницата бр.4 на тема: ,,Правно пишување”

07.12.2023 Работилницата бр.4 на тема: ,,Правно пишување”

Благодарение на предавачите, м-р Жарко Хаџи-Зафиров, адвокат, и м-р Константин Битраков, асистент на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, студентите во рамки на темата “Правно пишување” се стекнаа со продлабочени знаења и практични вештини преку:

– правна анализа на повеќе видови поднесоци

– осврт на правното пишување низ примери од практика, и

– вежба- работа на подготовка на поднесок.

Клучен совет од четвртата работилница “При правното пишување изразувајте се прецизно; користете формален јазик и јасни реченици; видливо наведувајќи доволно докази; а искуството е она што ќе ја изостри вештината за правно пишување”.

Работилнциите ги организираме во соработка и со поддршка на Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia