Работилница ,,Правото, политиката и новинарството и македонскиот јазик”

10.05.2024 Работилница ,,Правото, политиката и новинарството и македонскиот јазик”

На 17.5.2024 година во просториите на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје во организација на Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) се реализираше полудневната Работилница на тема ,,Правото, политиката и новинарството и македонскиот јазик”.

Целта на оваа Работилница беше поблиско запознавање на учесниците – студенти на Правниот факултет од сите студиски програми и ученици од средните училишта Васил Антевски Дрен и Георги Димитров,  со основните правила на македонскиот стандарден јазик и македонскиот правопис, како и да им се прикажат вообичаените грешки кои најчесто се сретнуваат во употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да се даде соодветен придонес кон грижата за македонскиот јазик.

Предавач на Работилницата беше доц.д-р Бобан Карапејовски од Катедрата по македонски јазик при Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје, кој воедно работи и како лектор.