Работилница – КАКО ДА ПРЕВЕНИРАМЕ BURNOUT?

14.12.2024 Работилница – КАКО ДА ПРЕВЕНИРАМЕ BURNOUT?

Стресот е притисок врз организмот настанат под влијание на одредени случувања и околности кои ги надминуваат адаптивните капацитети на индивидуата. Доколку оваа состојба не се надмине постои опасност од развој на синдромот на прегорување – burnout, кој води до нарушување на телесното, но пред се` психичкото здравје.

Од оваа причина, на 20.12.2024 година Центарот за кариера и алумни при Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје организираше двочасовна Работилница на тема: “Справување со стрес во секојдневниот живот: Како да превенираме burnout?”

Целта на оваа Работилница беше да ги надминеме стереотипите околу грижата за менталното здравје, да поттикнеме здрави животни навики кај студентите и младите и да ги охрабриме отворено да зборуваат за анксиозноста, стресот, паничните напади…

Говорник на овој настан беше научниот соработник др.сци Анета Спасовска Трајановска, од Клиниката за психијатрија при Медицинскиот факултет на УКИМ, која на учесниците, меѓу другото, им презентираше и четири основни техники за справување со стресот во секојдневието.

Во прилог и неколку фотографии од Работилницата