Работилница ,,Градење на отпорност од изборна корупција помеѓу студентите”

04.04.2024 Работилница ,,Градење на отпорност од изборна корупција помеѓу студентите”

Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, на иницијатива и во соработка со Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ Скопје, на 12.4.2024 година (петок) со почеток во 14 часот во Читалната на Факултетот спроведе полудневна Работилница посветена на спречувањето изборна корупција кон студентите.

Предавач на работилницата беше м-р Ирена Поповска, Генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Настанот предизвика огромен интерес помеѓу студентите, а Работилницата се трансформираше во еден проактивен настан каде сите учесници отворено дискутираа за проблемот со корупција, не само во предизборниот процес, туку во целокупниот студентски живот. Теоретските предзнаења и перцепцијата на студентите кон овој проблем кој значително го разјадува демократскиот принцип на владеење на правото, како и извонредното искуство и експертиза на Генералниот секретар на ДКСК резултираа со релевантни заклучоци за тоа како да се изгради и поттикне интегритет кај студентите како прв чекор на израз на отпор кон предизборна корупција.

Настанот се реализира во рамките на проектот „Акција за спречување на изборна корупција кон студентите” како дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“  спроведувана од  Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и  финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux