Работилница бр.6 ,,Правно резонирање”

22.12.2023 Работилница бр.6 ,,Правно резонирање”

Ценејќи го значењето за донесување на законита, правилна и праведна одлука, посветивме посебно внимание на “Правното резонирање”, а нашата гостинка, судијката

д-р Габриела Гајдова, преку примери од судска пракса го доближи правното резонирање до учесниците, додека, пак, преку работа на случај ги мотивираше правно да резонираат

Клучен совет од последната работилница “Со било која правничка професија да се занимавате во иднина, запомнете дека само законот е тој кој што ве штити”

Со оваа тема, успешно го завршивме првиот серијал на Работилници насочен кон надградба и унапредување на практичните вештини на студентите по право и млади правници.

На учесниците им беа доделени сертификати за активно учество на 6те работилници кои се одржаа во Читалната на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во периодот од 17ти ноември – 22ри декември 2023 година

Им благодариме на Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association со чија поддршка и соработка ја реализиравме оваа активност, но и на сите предавачи кои веднаш одговорија позитивно на нашата покана и кои несебично издвоија едно петочно претпладне за да им пренесат дел од своите професионални знаења и вештини на нашите студенти

Честитки до учесниците на Работилниците за желбата и мотивираноста да работат на зајакнување на своите практичните вештини кои недвосмислено во иднина ќе ги издвојат на пазарот на труд!

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux