Работилница бр.5 ,,правно аргументирање”

15.12.2023 Работилница бр.5  ,,правно аргументирање”

Во рамки на претпоследната работилница, д-р Есин Кранли Бајрам, вонреден професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, на студентите им го доближи значењето на правната аргументација за судската пракса, а особено преку разработка на образложение на судска пресуда

Работилницата ја завршивме со настап на првонаградениот оратор и говор Чарна Невзати (Charna Nevzati) “Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот?” и разговор околу пријавувањето и подготовките за ораторската вечер

Клучен совет од петтата работилница “За добро правно аргументирање, студентот по право и младиот правник потребно е да биде теоретски поткован со добро познавање на материјалните и процесните закони, континуирано да чита и да ги следи правилата на општата и правната логика”

РАБОТИЛНИЦИТЕ ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И ЈАКНЕЊЕ НА ПРАКТИЧНИТЕ ВЕШТИНИ  ги организираме во соработка и со поддршка на Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia