Работилница бр.3 на тема: ,,Јавно говорење и презентација”

01.12.2023 Работилница бр.3 на тема: ,,Јавно говорење и презентација”

Предавачи: д-р Марко Кртолица, доцент на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и советник за кариера при Центар за кариера и одбор за поддршка – алумни и Димитар Атанасовски, поранешен студент на нашиот факултет, радио и ТВ водител, го пренесоа своето знаење и професионално искуство, со што нашите студенти се стекнаа со основните вештини за тоа:

-како да подготват соодветен говор;

-како најдобро да се подготват за јавен настап и/или презентација;

-како најлесно да се надмине и победи стравот од настап пред публика.

Клучен совет од третата работилница “Темелната подготовка е тајната на успешната презентација, а вежбањето и работата на себе се најдобрите сојузници во борбата против тремата.”

Работилниците ги организираме во соработка и со поддршка на Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia