Работилница бр.2 “Вештини за комуникација со ранливи категории на странки” од РАБОТИЛНИЦИТЕ ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ И ЈАКНЕЊЕ НА ПРАКТИЧНИТЕ ВЕШТИНИ
11.11.2023
Обуката започна со меѓусебно запознавање, а потоа следуваа:
-Игра на предизвици низ која учесниците се идентификуваа со најчестите предизвици со кои се соочуваат маргинализираните лица;
-работа во тим преку која учесниците ги детектираа стереотипите и правата кои треба да ги уживаат оваа категорија на граѓани;
-презентација од обучувачките за основните начела, принципи и правила кон кои младите правници треба да се придржуваат при комуникација со ранливи групи, и
-вежба “интервју помеѓу млад правник, давател на бесплатна правна помош, и странка од ранлива категорија” со цел примена на основните техники и вештини стекнати за време на обуката.
-Клучен совет од втората работилница: “Прифатете го товарот кој го носи правничката професија и ставете им се на располагање на маргинализираните сограѓани во остварување на нивните законски определени права во рамки на системот”
Обуката во оваа работилница ја спроведоа Андријана Марковска и Маја Атанасова, правнички од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association со чија помош и поддршка ги реализираме работилниците во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia