Успешно реализирана работилница на тема ,,Јазикот на правото: номотехника и академско пишување
30.04.2025
Центарот за кариера и алумни на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје и Факултетското студентско собрание реализираа Работилница на тема “Јазикот на правото: Номотехника и Академско пишување“, која се одржа на 7.5.2025 година, среда, со почеток во 11 часот во Читалната на Факултетот.
Целта на оваа Работилница беше запознавање со Секретаријатот за законодавство при Владата на Република Северна Македонија и неговите надлежности, совладување на основите за изработка на општи и поединечни акти, како и усовршување на техниките за структурирано и аргументирано академско пишување.
Обуката ја реализираа д-р Оливера Нечовска, секретар во Секретаријатот за законодавство при Владата на РС Македонија, асс.д-р Константин Битраков и проф.д-р Јасна Бачовска Недиќ.
На учесниците им беа доделени и сертификати за активно учество и значаен придонес и на овој настан.
Во прилог и Галерија од настанот