Презентација на Правниот факултет пред идните бруцоши

18.03.2024 Презентација на Правниот факултет пред идните бруцоши
Изминатата недела, во рамки на редовните активности на Центарот за кариера и алумни, беа релизирани неколку презентации на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје пред матурантите од неколку средни училишта од територијата на Градот Скопје
Идните бруцоши, преку непосреден разговор со претставници од Факултетот, добија можност да се запознаат со студиските програми кои ги нуди Правниот факултет, со начините на спроведување на наставните програми, како и низата методи кои им стојат на располагање за стекнување на знаења кои ќе ги изградат во вистински професионалци, барани и високо конкурентни на пазарот на трудот.
Во меѓувреме, вратите на нашиот Факултет се отворени за сите идни студенти, а Службите им стојат на располагање за одговор на сите прашања и дополнителни информации за сите кои сакаат одблиску да се запознаат со можностите кои ги нуди најстариот и најреномиран Правен факултет во државата
🖇 pf.ukim.edu.mk
📩 praven@pf.ukim.edu.mk
📞 02/3117244
Ве очекуваме☺️
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux