Практична работа во НАРОДНА БАНКА

08.05.2024 Практична работа во НАРОДНА БАНКА

Народната банка дава можност за практична работа на студенти од прв или втор циклус на студии од областа на економијата, правото и информатичките науки, и коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка.

Времетраењето на практичната работа е еден месец во текот на летниот период, во јуни, јули или август, 2024 година.

Заинтересираните студенти потребно е најдоцна до 20 мај 2024 година, да достават Пријава и мотивационо писмо до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“.

Повеќе детали достапни на следниот линк: https://www.nbrm.mk/prakticna-rabota-vo-narodnata-banka-1.nspx

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux