Практична настава – ЦАРИНСКА УПРАВА
06.03.2025
Врз основа на Меморандум за деловно-техничка соработка, Царинската управа на Северна Македонија организира практична настава за студентите на Правниот факултет во Скопје.
Студентската пракса ќе се реализира во периодот јуни, јули и август во времетраење од најмалку 5, а најмногу 30 работни дена. Истата ќе се спроведува од понеделник до петок и тоа не помалку од 2 часа, ниту повеќе од 6 часа во текот на 8 часа работно време.
Заинтересираните студенти да се пријават на маил адресата на Центарот за кариера и алумни, centarzakariera@pf.ukim.edu.mk, најдоцна до 25.3.2025 година, со назнака: За пракса – Царина, испраќајќи ги следните податоци: име и презиме, број на индекс, адреса на живеење, период на изведување на праксата и број на часови кои студентот сака да ги помине на практична настава.