Повик за учество во симулирани судење во Академијата за судии и јавни обвинители
21.11.2024
Во рамки на Завршниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители кој ќе се спроведе во втората половина на месец декември 2024 година ќе се реализираат вкупно 65 симулирани судења (32 симулирани судења од областа на граѓанската постапка и 33 симулирани судења од областа на кривичната постапка), во кои со свои улоги на оштетен, полномошник, обвинет, бранител, сведоци, вештаци и сл. ќе имаат можност да бидат вклучени и студенти од Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје.
На денот на спроведување на симулациите, студентите ќе добијат писмен материјал за подготовка на конкретната улога.
Студентите кои се заинтересирани да ја искористат оваа уникатна можност и да бидат директно вклучени во спроведување на Завршниот испит за последната генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, да се пријават на маил: centarzakariera@pf.ukim.edu.mk со назнака “Пријава за симулирани судења” во кој ќе ги испратат следните податоци: име и презиме на студентот, маил адреса и контакт телефон.
Пријавување е заклучно до 27.11.2024 година, среда.