Повик за пракса во Сител ТВ

19.02.2024 Повик за пракса во Сител ТВ

Телевизија Сител објавува повик за практична настава за студентите од Правниот
факултет „Јустинијан Први” – Скопје. Практичната настава ќе се реализира во
информативната редакција, во период од еден месец.
Практичната настава нуди можност за студентите да се стекнат со искуство и знаење
за начинот на:
– работа во редакција
– подготовка на новинарски извештај
– видео и аудио монтажа
– подготовка на материјали за дигитални платформи
За сите практиканти кои ќе покажат интерес и соодветни знаења ќе биде понудена и
можност за вработување. Сите заинтересирани студенти може да се пријават во
центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) при Правен Факултет
„Јустинијан Први” – Скопје

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux