ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО НАРОДНА БАНКА
30.10.2024Народната банка на Република Северна Македонија утврдува потреба од засновање на работен однос на определено време во траење од 1 година за следните работни позиции:
– 1 извршител на работното место „помлад правник“ во Отсекот за правна поддршка во правно застапување, имотно правни работи и странски договори во Дирекцијата за правни работи;
– 1 извршител на работното место „помлад правник почетен II степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи;
– 1 извршител на работното место „помлад организатор за канцелариско и архивско работење почетен II степен“ во Отсекот за документаристика и архивирање во Дирекцијата за правни работи.
Посебните услови кои кандидатите треба да ги исполнуваат, покрај општите услови за засновање на работен однос, како и начинот на проверка на знаењата и селекција на кандидатите се детално објаснети во Огласот за вработување во НБРМ.