Мисија и цели
Врз основа на член 85, став 3 и член 110, став 1, т. 21 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ“ бр. 82/2018) и член 34, 35, и 36 од Статутот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 454, 16 октомври 2019 година), Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на седницата одржана на 28.2.2023 година, донесе Одлука, бр.02-250/3 од 28.2.2023 година, со која беше формиран Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, како посебна внатрешна организациона единица на Факултетот.
Главни активности на Центарот за кариера и алумни се:
(1) Развој на кариера и советување;
(2) Алумни заедница на Правниот факултет;
(3) Доживотно учење, и
(4) Соработка со државни институции, домашни и меѓународни владини и невладини организации, адвокатски друштва, нотари, извршители како и нивните комори, трговските друштва и стопанските комори, како и со други домашни и меѓународни субјекти.
Целта на Центарот е да овозможи организирано поврзување на студентите и алумни заедницата на Правниот факултет во насока на развивање и поттикнување на професионалниот развој, преку унапредување на нивните знаења, вештини и компетенции.
Сите активности на Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) беа достапни за сите студенти на Правниот Факултет од прв, втор и трет циклус на студии, како и за лицата кои дипломирале, магистрирале и докторирале на Правниот факултет и се дел од алумни заедницата на Факултетот.
Повеќе за активностите и задачите на Центарот прочитајте во Правилата за организација и работа на Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје