ДЕН СО АКТЕРИТЕ НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА

22.03.2024 ДЕН СО АКТЕРИТЕ НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА

Почитувани студенти,

Ни претставува особена чест да ве поканиме на заедничка средба на којашто ќе имате можност да се запознаете со истакнати практичари од областа на граѓанското право.

Овој настан е уникатна можност да се запознаете со нивните искуства, препораки и најдобри практики, кои ќе ви помогнат да го разберете значењето и комплексноста на граѓанската процедура.

Не пропуштајте го ова важно собирање од кое ќе можете да се инспирирате и да стекнете значајни практични совети од вистинските актери на граѓанското право.

27.3.2024 година (среда) со почеток во 17 часот во Читалната на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје.

Поаѓајќи од важноста на темата на настанот за секој млад иден правник, за учесниците следуваат сертификати. Од оваа причина, рокот за пријавување е 26.3, вторник, до 16 часот, со порака на маил: centarzakariera@pf.ukim.edu.mk, со назнака ,,За настан од 27.3″ во кој ќе бидат наведени името и презимето на учесникот.
Добредојдени сте заедно да го истражиме светот на граѓанската правда!
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux