Успешно реализиран дуел: Битка на професиите – корпоративни правници наспроти адвокатура

29.04.2025 Успешно реализиран дуел: Битка на професиите – корпоративни правници наспроти адвокатура

На 28.4.2025 година во Читалната на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје се одржа мотивациски настан Битка на професии – корпоративни правници наспроти адвокатурата.

Настанот беше во организација на Центарот за кариера и алумни на Факултетот и Македонската асоцијација на корпоративни правници, со цел доближување на професијата корпоративен правник до студентите по право и младите правници.

Форматот на настанот беше дебата помеѓу два тима од кои во едниот тим учествуваа корпоративни правници (Снежана Савиќ Димовска – АД Пивара, Марко Најденовски – Макстил, и Моника Стефановска – Аристократ Интерактив), а за другиот тим дебатираа адвокати (Андреа Лазаревска – Schoenherr, Кристијан Милошевиќ – Адвокатска канцеларија Ветон Ќоку, и Светлана Нечева – АД Пепељугоски). На крајот на настанот Нинослав Нанков (Нептун) спроведе и квиз, по што учесниците со најмногу точни и најбрзи одговори добија пакети правна литерурата од АД Пепељугоски и целосни котизации за учество на претстојниот настан на Македонската асоцијација на корпоративни правници.