Јавна проекција и дискусија на документарниот филм “Наследството на Фриц Бауер”

14.04.2025 Јавна проекција и дискусија на документарниот филм “Наследството на Фриц Бауер”

На 11.4.2025 година во Читалната на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје се одржа јавна проекција и дискусија на документарниот филм “Наследството на Фриц Бауер”.

Воведен излагач и модератор беше проф.д-р Александра Груевска Дракулевски.

Настанот се одржа како програмска активност во рамки на курсевите за изучување на холокаустот кои Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје ги реализира со поддршка на Claims conference New York (Конференција за еврејските материјални побарувања од Германија).

Главната порака која се упати на јавната дискусија е “Правдата забавува, но не застарува”.