Работилници за кариерен развој и јакнење на практични вештини

17.11.2023 Работилници за кариерен развој и јакнење на практични вештини

Работилница бр.1: “Креирај го твојот професионален профил: од студент до успешен кандидат за работа”, каде студентите се запознаа со улогата и значењето на кариерните советници, а предавачките:

– Ивана Дојчиновска Стојановиќ GCDF, HR консултантка и кариерна советничка, и

– Славица Тасева GCDF, Кариерна советничка и обучувачка, преку

теоретско елаборирање,

одлична интеракција со студентите, и

подготвени вежби, им пренесоа дел од своето знаење и искуство за тоа како учесниците на работилницата да изградат успешна кариера, водејќи се од најмалку 4 работи, попознати како VIPS

V (values) – вредности – што ми е важно?

I (interests) – интереси – што сакам да правам?

P (personality) – лични карактеристики -кој(а) сум, како се снаоѓам во околината?

S (skills) – вештини -што можам да работам, мои јаки страни?

Клучен совет од првата работилница е дека “Само една грешка можете да направите во кариерата/професијата, а тоа е да не направите ништо”

– А, она што присутните ученици треба да го завршат како “Домашна задача” се состои од:

– креирање или надградба на профил на LinkedIn

– креирање на профил на Europass

– освежување на сопственото CV

Работилниците ги организираме во соработка и со поддршка на Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Embassy of the Netherlands in North Macedonia