Прaктикант во Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје
15.04.2025
Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје има потреба од практикант/ка, заинтересиран/а да се запознае со работата на локалната канцеларија. Ангажманот не е поврзан со конкретен проект, туку практикантот ќе има можност да се вклучи во работата и да се запознае со сите нивните тековни проекти: бесплатна правна помош, дискриминација, трговија со луѓе, говор од омраза, затвори, образование, интеграција на Роми и сл.
Можност за пријавување има секој студент на втор циклус на студии кој има солидни познавања на англискиот јазик.
Праксата ќе се спроведува два месеци, но за истата не е предвиден паричен надоместок.
Заинтересираните студенти да испратат CV на следната маил адреса irena.cuculoska-jakimovska@coe.int најдоцна до 22.4.2025 година.